Поранешната девојка на Џони Деп, мегаѕвезата Винона Рајдер, застана во одбрана на актерот, кој во последно време се соочува со обвинувањата дека физички ја злоставувал Амбер Херд во врската.44-годишната Рајдер изјавува: „Можам само да говорам од искуство, но моето искуство многу се разликува од тоа што беше кажано на медиумите. Никогаш не беше таков со мене, воопшто не ме тепаше, беше добар, грижлив и многу ги заштитуваше оние што ги сака.“
Врската на Деп и Рајдер започна по филмска премиера во 1990 год. Пет месеци подоцна, тие се верија. За време на врската, Деп си го истетовира натписот „Винона засекогаш“ на десната рака, што по раскинувањето беше изменето во „Вино Засекогаш“.
„Не сум била таму и не знам што се случувало, не нарекувам никој лажго, но само кажувам дека ми е тешко да слушам за вакви шокантни обвинувања. Иако одамна бевме заедно, сепак тоа траеше 4 години, и е долга врска за мене. Никогаш не сум го видела во насилно издание“.
Деп има забрана за пристап на Херд по месец мај, откако таа го обвини за физичко и вербално злоставување, а тој демантираше со изјавата дека таа сака да изнуди пари од него.44-годишната Рајдер изјавува: „Можам само да говорам од искуство, но моето искуство многу се разликува од тоа што беше кажано на медиумите. Н



