петок, 27 ноември 2026
Најново

„Виолин фест 2016“ во Музеј на Град Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе се одржи четвртото издание на фестивалот „Виолин фест“ на кој ќе учествуваат ученици од музичките училишта од Скопје, Битола, Штип, Кочани, Охрид, Прилеп, како и студенти од Факултетот за музичка уметност.Организатор е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов, во соработка со Музичката младина на Македонија.
– Идејата да се одржи ваков фестивал кој треба да прерасне во традиционалене желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст, вели Костов кој ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и талентот, претставувајќи го притоа и развојот на педагошката дејност во Македонија.
„Виолин фест“ се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а ќе се одржи и на 14 јуни во Охрид, во Големата сала на Општината.Организатор е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов, во соработка со Музичката младина на Македонија.

Поврзани вести