ВИОР ЗА НАОДИТЕ ДЕКА ЗОРАН Е ОСОМНИЧЕН: „Веднаш го реков тоа штом слушнав“

Небојша Ројко, наречен Виор (31), кого полицијата го испитуваше во врска со убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, го помина полиграфот и е пуштен дома.„Бев околу половина час на полиграф. Добро поминав и сѐ беше според процедурата“ – изјавил Небојша, кој во понеделникот беше депортиран од Босна во Србија.
„Јас тоа никогаш не би можел да го направам. Нема да лежам во затвор за злосторство што го немам направено“ – објаснил тој.
Како што вели, тој избегал затоа што се исплашил дека врз основа на постоечката пресуда ќе го пратат во затвор и обвинат за убиството на Јелена.
Тој рекол дека никогаш го нема видено сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ.
„Не знам за Зоран, никогаш го немам видено него, ниту Јелена. И не доаѓаше кај нас воопшто, дури ни дента кога исчезна Јелена“ – изјавил Ројко.
На прашањето како ги коментира тврдењата дека Зоран е осомничен, само кратко искоментирал „веднаш го реков тоа, штом слушнав“.„Бев околу половина час на полиграф. Добро поминав и сѐ беше според процедурата“ – изјавил Небојша, кој во понеделникот беше депортиран

Пронајдете не на следниве мрежи: