Високата технологија во автомобилите збунува многу возачи

Поголем дел од новите сопственици на автомобили не обрнуваат внимание на хај-тек статистиките во нив бидејќи ги збунуваат, покажа американско истражување, цитирано од „Дејли мејл“.Истражувањето, направено од страна на компанијата „Џеј Ди Пауер“, го покренува прашањето дали производителите на автомобили малку се пред времето со високата технологија која што ја нудат.
Тие на автомобилите им додаваат секакви автоматски системи – од заклучување преку интернет, па сѐ до паркирањето. Возачите, сепак, немаат потреба од поголемиот дел од нив. Резултатите од истражувањето покажуваат дека 20 проценти од сопствениците на нови автомобили не користеле половина од технолошките статисти во него.
Периодот од три месеци се смета дека е доволен за тие да проучат сѐ што е во врска со нивниот автомобил.
Во оваа категорија спаѓаат можностите за резервација на билети и хотели, информации за ресторани и бензински пумпи долж патот, но и рутери кои обезбедуваат безжичен интернет.
Над 40 проценти од испитаниците не ги користат.
Системот за автоматско паркирање не го користат 35% од нив. Тоа значи дека луѓето плаќаат повеќе за непотребни технологии.
Многу возачи, особено на возраст помеѓу 21 до 38 години, се потпираат повеќе на смартфоните, отколку на автомобилот за омилените апликации или пак да бараат услуги.
Технологиите кои најмногу им се допаѓаат на сопствениците на нов автомобил, се предупредувачкиот систем за слепата зона, помошник за паркирање, како и системите за избегнување на удар.
Истражувањето опфатило 4.200 сопственици на нови автомобили од април до јуни.Истражувањето, направено од страна на компанијата „Џеј Ди Пауер“, го покренува прашањето дали производителите на автомобили малку се пр

Пронајдете не на следниве мрежи: