ВИСТИНАТА ЗА УБИСТВОТО НА АРКАН: Еве како и зошто е УБИЕН српскиот командант!

Зоран Ускоковиќ Сколе, е наводно еден од организаторите на убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а сето тоа поради одмазда бидејќи добил помал дел „од колачот“ за продажбата на фудбалерот Обилиќ Никола Лазетиќ.Зоран Ускоковиќ Сколе, е наводно еден од организаторите на убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, после расправијата поради поделбата на парите околу трансферот на фудбалерот Обилиќ Никола Лазетиќ, пишува српски Њузвик!
Како што пренесува овој неделник, Аркан наводно му понудил на Сколле само еден милион од вкупно десет, колку што била заработката од продажбата на Лазетиќ, па затоа Ускоковиќ го нарачал неговото убиство.
Неколку месеци после атентатот на Аркан, Ускоковиќ го убиле членовите на земунскиот клан.
Жељко Ражнатовиќ Аркан е убиен на 15-ти јануари 2000 година во хотелот Интерконтинентал. Со него седејќи заедно на сепарето, настрадаа и Миленко Мандиќ и Драган Гариќ.
За злосторството на 9-ти октомври 2006 година се осудени Добросав Гавриќ како извршител на убиството на 35 години затвор, а како соучесници и Милан Ѓуричиќ Мики и Драган Николиќ Гаги, осудени на 30 години затвор. И полициските извори и оние од криминалната сфера наведуваат едно име како организатор на убиството – Зоран Ускоковиќ Сколе.
Вдовицата на Аркан, Светлана Цеца Ражнатовиќ вели дека очекува од државата да го даде завршниот збор за смртта на нејзиниот сопруг.
– Решив да не коментирам ништо на таа тема. Оставив државата да го реши убиството. Како што и самите гледате и после 15 години работите се сведуваат на „рекла – кажала“ – вели Цеца.  Зоран Ускоковиќ Сколе, е наводно еден од организаторите на убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, после расправијата поради поделбата на парите околу

Пронајдете не на следниве мрежи: