Влада формирана со Тиранската платформа е чекор кон растурање на Македонија

Целата идеја врз која би требало да се формира, таа наводна влада, се гледа како чекор кон растурање на Македонија, изјави за ТВ Нова директорот на Институтот за Европски студии во Белград, Миша Ѓурковиќ.Според него, целата идеја на тиранската платформа не е идеја на формирање на влада врз основа на сегашниот Устав и уставноста на Македонија, туку како што вели, е директно директно барање за промена на Уставот и суштинскиот систем на Македонија во кој се воведува друг јазик на целата нејзина територија, посочува, на некој начин станува бинационална држава.
Ѓурковиќ вели и дека оваа платформа има за цел, освен Македонија да ја направи бинационала држава, туку и да се направи кантонизација, што според него, потоа би следела и федерализација на Македонија.
– Од друга страна, ова што очигледно се најавува се чекори кон кантонизација, за почеток кон создавање на заедница на албанските општини, а потоа, она што веќе се најавува, федерализација на Македонија на која гледаме како чекор, односно обид таа држава да се разбие, истакнува Ѓурковиќ.
Посочува дека албанскиот фактор на Балканот настојува да игра многу важна улога, отколку што реално има сила.
Ѓурковиќ вели дека формирање влада на една држава врз основа на платформа од друга држава е преседан.
-Во овој конкретен случај секако е потполно невообичаено, односно тоа не е пракса која можете да ја најдете било каде, влада на една држава да се формира врз основа на платформа која е донесена во друга држава, односно во овој случај во Тирана. Тоа е преседан на кој ни една држава и ни еден политички систем не би смеел да се согласи ако не сака да се елиминира самиот себе, подвлече Ѓурковиќ.Според него, целата идеја на тиранската платформа не е идеја на формирање на влада врз основа на сегашниот Устав и уставноста на Македонија, туку к

Пронајдете не на следниве мрежи: