Владата даде зелено светло за зголемување на акцизата

Граѓаните дефинитивно ќе плаќаат поскапо гориво. зголемувањето на акцизата на дизелот и екстралесното масло за домаќинствата за 3 денари помина на владина седница.Граѓаните дефинитивно ќе плаќаат поскапо гориво. зголемувањето на акцизата на дизелот и екстралесното масло за домаќинствата за 3 денари помина на владина седница.
По донесената одлука, сега измените на законот за акциза треба да поминат и во собрание, а поскапувањето да важи од први јануари до година. министерството за финансии на почетокот на месецов, кога го презентираше новиот буџет за 2018, објави дека акцизата за дизел горивата од почетокот на идната година ќе поскапи за 24%. 
Од сегашните 12,5 денари за 15,5 денари за литар дизел гориво. Ударот врз семејниот буџет требаше да го ублажи повратот на 15% од ддв-то кој СДСМ го ветуваше, но нема да го оствари следната година. 
Пари за оваа мерка не се предвидени во предлог буџетот за 2018.  СДСМ пред да дојде на власт, ветуваше подбар живот, но за кусо време од владеењето стигнаа само зголемени трошоци. Заев вети дека 15% од платениот ддв на секоја сметка, за вода, храна, облека, струја, ќе се врати кај граѓаните уште пред предвремените парламентарни избори лани. 
Инаку, поскапувањето на дизелот ќе донесе и серија на други поскапувања, очекуваат економските експерти, и тоа пред се во делот на транспортот. Можно е поскапување и на транспортните услуги, такси превозот, јавниот превоз…
Очекуваниот ефект во Буџетот за 2018 од зголемувањето на акцизата треба да изнесува 26 милиони евра, а од ДДВ-то уште дополнителни 5 милиони.
Не само акцизата, туку и голем дел од даноците во наредните неколку години ќе подлежат на промена. Освен стапката на ДДВ за која е потврдено дека нема да расте, министерството за финансии прави анализи и ќе организира дебати и за зголемување на данокот на имот, мерки против намалување на даночната основица за плаќање данок на добивка, а веќе е потврдено и дека од 2019-та ќе се воведат прогресивни стапки на персоналниот данок, што директно ќе се прекрши врз грбот на граѓанинот.Граѓаните дефинитивно ќе плаќаат поскапо гориво. зголемувањето на акцизата на дизелот и екстралесното масло за домаќинствата за 3 денари помина на

Пронајдете не на следниве мрежи: