Владата наСДС сакаат да воспостават строга партиска контрола врз судството

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Бујар Османи за Радио Слободна Европа.Вицепремиерот Бујар Османи залудно се обидува да лаже и да ја манипулира јавноста дека граѓаните лошо го разбрале Зоран Заев за генералниот реизбор на судии што планира да го реализира.
Владата на СДС има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола, како во 1997 година кога во една минута промени 617 судии.
Оваа криминална акција Заев и СДС сакаат да ја спроведат за да нема ниту еден судија кој ќе го гони лидерот на СДС за случаите во кои бара стотици илјади евра поткуп од бизнисмени од позиција на градоначалник на општина Струмица.
Показател за овој план на СДС е Фркчовистичкиот совет за реформи во судството преку кој Заев ќе се обиде да инсталира стотици нови „Катици“ со цел да има целосна контрола на правосудниот систем и да врши политички прогон на своите неистомисленици.
Покрај Љубомир Фрчковски кој во режимот на СДС своевремено се занимавал со политички местенки и прогони на луѓе само заради нивните политички определби, во овој совет се наоѓа и претседателката на комисијата за политички систем на СДС, Маргарита Цаца Николовска на која и е дадено овластување да го реформира судството по теркот на Заев.
Во фрчковистичкиот совет за реформи, Заев си ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа само затоа што со него заедно фрлаа со боја врз државните институции. Во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Република Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд, како претставник на фелата.
Јасно е дека СДС нема намера да работи на натамошно засилување на судската власт како независна! Заев и СДС сакаат повторно да воспостават строга партиска контрола врз судството за да може докрај да го инсталираат режимот во кој партијата ќе стане држава, а државата партија.
Зоран Заев јавно кажа дека не го признава судството кое го гони за поткуп па затоа му требаат луѓе како лустрираниот Фрчковски да глумат непартиски експерти и да кажат дека СДС мора да направи реизбор на судиите и да си намести нови стотици „Катици“ низ сите судови кои ќе ја спроведуваат политичката агенда и нарачките на Заев и неговите партнери.
Овој совет на СДС има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев.
Со ваквиот партиски совет на СДС, Зоран Заев сака свои послушници во судството кои ќе го спроведуваат политичкиот прогон на неистомислениците и политичките противници од ВМРО-ДПМНЕ, за да можат Заев и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов.
 Вицепремиерот Бујар Османи залудно се обидува да лаже и да ја манипулира јавноста дека граѓаните лошо го разбрале Зоран Заев за

Пронајдете не на следниве мрежи: