петок, 27 ноември 2026
Најново

Владимир Ѓорчев на Конференција за националните малцинства во Австрија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во организација на Парламентарното собрание на ОБСЕ денеска и утре во Вилах, Австрија ќе се одржи Конференција за националните малцинства на која ќе учествува пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.На Конференцијата, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе се дебатира за придонесот на националните парламенти во промоцијата на адекватните структури и прифатлива општествена средина за националните малцинства и ползата којашто може да ја имаат самите региони од овој позитивен развој.
На учесниците на оваа сесија ќе им се обрати Кристин Мутонен, претседател на Парламентарното собрание на ПС на ОБСЕ и Хенрик Виладсен, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за национални малцинства, Роберто Монтела, генерален секретар на ПС на ОБСЕ.
Конференција ќе биде организирана во три сесии. Во првата сесија ќе се дебатира за Можностите на националните парламенти во поддршката на националните малцинства, во втората сесија за Учење од другите-случајот на Каринтиа и во третата сесија за Помирувањето на Балкан – меѓународни перспективи, се наведува во соопштението.На Конференцијата, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе се дебатира за придонесот на националните парламенти во промоцијата на адекватните

Поврзани вести