Власите се кренаа на нозе: Треба да се бориме за да ја зачуваме оваа татковината

Претседателот на Партијата на Власите од Македонија, Мите Костов Папули на социјалната мрежа Фејсбук пишува дека и Рајко Жинзифов и Питу Гули биле Власи и се бореле за оваа татковина да биде независна како денес. „Го имаме Питу Гули во нашата химна и сме горди на тоа бидејќи е македонски херој.“, пишува Папули Фејсбук.-Власите во Република Македонија живеат со векови, уште од средновековието. Со векови сме нераскинлив дел од ова општество и нашата држава е Република Македонија, бидејќи ние сме граѓани на оваа држава и ќе си ја чуваме. Власите во оваа наша татковина ги имаат и уживаат сите права и ние сме горди на тоа. Вклучени сме во сите пори на општеството како денес така и во историјата. Да се потсетиме дека и Рајко Жинзифов и Питу Гули биле Власи и се бореле за оваа наша татковина да биде независна како денес. Браќата Манаки исто така биле горди Власи, граѓани на Република Македонија и биле културни амбасадори на оваа држава насекаде во светот. Тие говореле, твореле и се бореле за Република Македонија, на македонски јазик. Го имаме и Питу Гули во нашата химна и сме горди на тоа бидејќи е македонски херој. Наша обврска кон овие историски ликови, а и обврска за нашите идни поколенија кои треба да растат тука е да се спротивставиме на погубните чекори кои ги спроведува одродениот Зоран Заев. Ние нема да дозволиме да страдаме како народ за сметка на личен интерес на еден одроден политичар. Ќе ги браниме нашата татковина, нашиот јазик, нашата химна и нашето знаме. Да кажеме НЕ на погубните политики!
-Власите во Република Македонија живеат со векови, уште од средновековието. Со векови сме нераскинлив дел од ова општество и нашата држава е Републ

Пронајдете не на следниве мрежи: