Власите во Македонија: Неприфатливо е да има двонационална држава

За Власите во Р. Македонија  е неприфатливо двонационална држава. За Власите е  прифатливо само  мултиетничка Македонија со еден службен јазик и една химна, истакна денеска Мите Костов, претседател на Партија на Власите во Македонија.Според него Власите уште од Крушевскиот манифест  во 1903 биле сплотени заедно со Македонци, Власи, Албанци , Турци, Бошњаци, Срби, Роми за една единствена цел, а тоа е создавање на една држава, Македонија.
-Верувам дека денеска сме посплотени од 1903 каде што размислуваме дека унитарниот карактер на оваа земја треба да остане, а не да ја распарчуваме Македонија. Во Македонија треба да се зачува тој унитарен карактер на државата, едно знаме, една химна и еден грб. Мораме да имаме еден јазик обединувачки за сите граѓани, а тоа е македонскиот јазик , а сите други помали народи кои живеат во Р. Македонија и се дел од неа, рече Костов.
Според него унапредувањето на  правата на помалите етникуми во Р.Македонија е возможно само преку институциите во системот.
-Се што е надвор од Уставот на Р. Македонија е незаконско. Сега ни се случува улица, граѓаните почнале сами да реагираат. СДСМ и нивните партнери не беа транспарентни во нивната програма за моменталната платформа која ја прифаќаат и од другите народи кои живеат во Р. Македонија, а народот не е запознаен. Бараме сите во Р. Македонија да ја градиме оваа земја, да има проток на стока, капитал и умови. Да работиме што поскоро Македонија да ја видиме економски, прогресивна и европска Македонија. Не прифаќаме двонационална држава туку напротив прифаќаме мултиетничка Македонија со еден службен јазик, една химна, рече Костов.
Додаде дека Власите во Р. Македонија сакаат  една суверена, унитарна Македонија со свој територијален интегритет и суверенитет, држава која што ќе биде на сите народи кои живеат во Р. Македонија.Според него Власите уште од Крушевскиот манифест  во 1903 биле сплотени заедно со Македонци, Власи, Албанци , Турци, Бошњаци, Срби, Роми за ед

Пронајдете не на следниве мрежи: