Влатко Илиевски со нова песна која ја посвети на својот автомобил

Новата песна на Влатко Илиевски која го доби вицешампионското место на Охридскиот фестивал ќе добие и спот на кој веќе се работи.Имено, во последните неколку дена низ главниот град се снимаат кадри за спотот во кој овој пат наместо девојка, главната улога ја игра автомобилот на Влатко.
Станува  збор за автомобилот „Ceed“ кој е направен специјално во весели и шарени бои и кој е добро препознатлив на сите настапи на пејачот.
Во недела спотот продолжува да се снима во центарот на Белград каде што Влатко Илиевски и аранжерот Дарко Тасет ќе ги снимаат последните кадри со што промоцијата може да ја очекуваме кон крајот на следната недела.

Имено, во последните неколку дена низ главниот град се снимаат кадри за спотот во кој овој пат наместо девојка, главната улога ја игра автомобилот

Пронајдете не на следниве мрежи: