Влатко Илиевски со нова песна за својот 30 роденден.Еден од најактивните и најпродуктивните македонски пејачи денеска по прославува својот јубилеен 30ти роденден. Иако песната испеана на фестивалот Макфест пред неполн месец „Последно танго” се уште се наоѓја како хит на радио станиците, Влатко реши за својот роденден да ги почасти слушателите со нова песна. Станува збор за песната „Јас сум сам, и ти си сама” чив комплетен автор е Кристијан Габроски. Како што ни изјави Влатко : ова е уште еден сингл кој ќе се најде на мојот 4 соло албум кој ќе биде промовиран со голем концерт наесен во Скопје, а потоа и со турнеја низ Македнонија.
Инаку летниов период Влатко е на релација Скопје-Белград, каде и во Србија при крај на летово конечно после неколку годишно најавување ќе промовира дел од албумот, наменет за балканскиот пазар, кој го работи со некои од најпознатите екс-ју композитори и продуценти.
Викендите се резервирани за настапи во летните дискотеки низ Македонија а во месец Август траиционално ке настапи на Охридскиот Фестивал.
Инаку соло албумот нема да биде единствен албум на Влатко оваа година како што ни изјави: Со матичната група Морал, веќе сме во последни подготовки да го издадеме албумот „Како некогаш” кој ќе биде ново издание на бендот после цела деценија од последниот албум „Кога патувам” ,а со Морал исто така ќе приредиме и едно вистински Рок-случување во Скопје, заедно со сите пријатели на групата Морал која постои повеќе од 32 години.
Инаку новиот сингл „Јас сум сам ,и ти си сама” е песна субвенционирана со законот за поддршка на Македнската музика, и за истата песна, ќе биде и реализиран спот, следниот месец.Еден од најактивните и најпродуктивните македонски пејачи денеска по прославува својот јубилеен 30ти роденден. Иако песната испеана на фестивалот М



