Влатко Стефановски: „Гитаристите се секси дури и мене ме возбудуваат“

Фронтменот на легендарниот бенд „Леб и сол“ Влатко Стефановски раскажал зошто е фасциниран од гитарата, но и дека не го чуди тоа што девојките ги сакаат музичарите, бидејќи, како што вели маж кој свири на инструмент е многу секси. За мажите кои свираат гитара тој инструмент е замена за жена, но и за љубов. Гитарата има изглед на женско тело и е преубава – вели Стефановски, а пренесуваат хрватските медиуми.
Легендарниот македонски музичар, кој имено е самоук гитарист, додал дека не го чуди тоа што девојките „паѓаат“ на гитаристи.
„Секси е да гледате некој како свири, па дури и јас се возбудувам кога ќе видам некој добар гитарист“ – се пошегувал Стефановски.
Тој открил и зошто секогаш носи качкет на сцена.
„Капата ме ги штити очите од рефлекторите бидејќи со текот на годините тие станаа чувствителни на светло. Но, ме штити и од други работи. На пример, ако налетам на гранка, капата може да ме спаси да не ме прободи во око“ – додал тој во шега.
Имено, Стефановски во малиот погон на Фабриката за култура во Загреб во саботата го промовираше својот нов албум „Сеир“, кој го издаде „Croatia Records“. Тоа е првиот кантавторски албум на Стефановски после 11 години. На албумот се наоѓаат 10 нови песни, а за продукцијата на текстовите и аранжманите се погрижил самиот Стефановски. За мажите кои свираат гитара тој инструмент е замена за жена, но и за љубов. Гитарата има изглед на женско тело и е преубава – вели Стефановс

Пронајдете не на следниве мрежи: