Влезени сме во периодот „Бабино лето“: Ако ОВА ви се случи денес ќе ве прати среќа и благосостојба

Денес имате прилика „од прва рака“ да видите зошто во народот се вели дека сме во период на Бабино лето.Топлото и убаво време од Петковден до Митровден (од Св.Петка до Св. Димитрија) во нашиот народ од дамнешни времиња се нарекува Бабино лето.
Станува збор за феномен познат и во метеоролошката наука. Стручњаците велат дека овој период на сончеви денови пред зимата е карактеристичен за северната Земјина полутопка каде се менуваат 4 годишни доба.
Но, многу повеќе пред стручњаците, за периодот Бабино лето знаел народот. Нашите предци верувале дека, ако во овој период времето биде убаво, не очекува силна и долга зима, па ова време им било добро за завршеток на работата и припремата за ладните денови пред нив.
Во некои краеви од регионот се уште е задржан еден интересен обичај врзан за овој период од годината.
Имено, старите веруваат дека знак за голема среќа и благосостојба е ако во овој период во косата или облеката ви се заплетка пајакова мрежа.
Оваа пајажина уште се нарекува Свила на Марија, а нејзиното потекло во народните верувања е различно.  Некои велат дека тоа е коса на вештерка која овие денови фрла магии. Други веруваат дека станува збор за џуџиња. Има христијани и кои веруваат дека тоа е работа на Богородица.
Сепак сите верувања се согласуваат со едно – ако овие денови пајажина ви се заплетка во косата или облеката, никако не ја тргајте. Не ризикувајте да ги налутите овие суштества. Топлото и убаво време од Петковден до Митровден (од Св.Петка до Св. Димитрија) во нашиот народ од дамнешни времиња се нарекува Бабино лето.

Пронајдете не на следниве мрежи: