Вложување во подобрување на условите во детската болница „Козле“

Loading...

Скопје, 12 март 2014 – Благодарение на Вип, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле целосно ја обнови постелнината на сите кревети во оваа специјализирана јавна болничка установа. Конкретно, со донација на Вип, набавени се 1200 парчиња различен вид постелнина, почнувајќи од креветски чаршави, јастучници и навлаки за јоргани и кебиња, во вкупна вредност од 490.000 денари- Додека со нетрпение чекаме да заврши изградбата на новата зграда на болницата, ваквите вложувања ни помагаат да го одржиме нивото на неопходни услови за престој на нашите пациенти – децата во постојниот објект. Тоа и дава специфична тежина и значење на оваа донација на Вип, која доаѓа во вистинско време, изјави д-р Оливер Зафировски, Директор на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Донираната количина нови болнички чаршави и навлаки е доволна не само за моменталниот капацитет, туку и за потребите на новата болница која е во напредна фаза од изградбата. ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата – Козле е специјализирана институција за лекување на деца од 0 -16 години  и може да згрижи оклу 150 пациенти. Дејноста на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата – Козле, Скопје е организирана во 10 оддели и Дневна болница, 7 кабинети, 8 консултативни амбуланти и други немедицински помошни служби.
– Нашата определба да донираме за потребите на здравството е искрена и долгорочна. Таа произлегува од желбата да издвоиме дел од компаниските приходи за активности кои се значајни за целата заедница. Особено сме среќни и задоволни кога тие средства одат во обезбедување добри услови за третман и здравствена заштита на нашите поколенија, изјави Даниела Начевска Стојчевска од корпоративни комуникации во Вип, по посетата на болницата „Козле“.

И во изминатите неколку години Вип активно помагаше во унапредување на условите и модернизацијата на неколку јавни здравствени установи.  На три наврати во изминатите години беа набавени апарати и опрема за најголемата гинеколошко-акушерска клиника во Скопје, како и во специјализираната болница за белодробни заболувања во Јасеново, а беа донирани и средства за набавка на душеци и ќебиња за домот за деца без родители до 3 годишна возраст во Битола. Покрај во здравството, Вип вложува значајни ресурси во поддршка на проекти во културата, уметноста и спортот.- Додека со нетрпение чекаме да заврши изградбата на новата зграда на болницата, ваквите вложувања ни помагаат да го одржиме нивото на неопходни ус

loading...
Loading...