ВМРО-ДПМНЕ денес потпиша уште четири меморандуми за соработка со здруженија

ВМРО-ДПМНЕ денес потпиша уште четири меморандуми за соработка со здруженија. Станува збор за СОНК, Здружението на пензионери, Сојузот на синдикати и здружението Слободни синдикати.Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, кој ги потпиша меморандумите истакна дека отворањето на нови работни места останува во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцира дека до сега се отворени нови 160.000 работни места, а невработеноста е доведена до историски најниско ниво, од 38 % на 24%.
Пензионерите исто така остануваат врвен приоритет, како што беше до сега така и за во иднина.
Груевски потенцира дека изминативе години пензиите се покачени за 70 проценти, а најниската пензија е поголема за дури 90 отсто. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека сето она што досега било ветено е реализирано, а во таа насока и ќе се продолжи.
Досега ВМРО-ДПМНЕ потпиша Меморандум со 9 здруженија, а со овие четири од денес, веќе се 13.
На денешниот настан се обратија и Драги Аргировски, Живко Митревски, Благоја ралковски и Јаким Неделков кои го поздравија потпишувањето на Меморандумот.Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, кој ги потпиша меморандумите истакна дека отворањето на нови работни места останува во фокусот на

Пронајдете не на следниве мрежи: