ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот на новинарската екипа на А1.он

Loading...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди синоќешниот напад на екипата на интернет порталот А1он и побара надлежните институции да го разрешат случајот и да ги санкционираат поединците кои го предизвикале инцидентот.-ВМРО-ДПМНЕ принципиелно, како и досега, смета дека е крајно недемократски и непримерно да се напаѓаат медиуми и екипи поради нивното известување за настани и случувања,соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека го осудуваат овој немил настан, исто како што претходно го осудиле нападот на новинарската екипа на МРТ на митинг на СДСМ, нападите врз новинарите Антонио Димитриевски, Јанко Илковски, Дејан Николовски, Ивона Талевска, заканите по живот за новинарите на порталот Курир, демолирањето на РСМ и слични инциденти кои, посочува ВМРО-ДПМНЕ, ги предизвикуваа членови, активисти и симпатизери на СДСМ.
Трагично е, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што СДСМ дури и кога се случуваат вакви инциденти мора да лаже и да ги злоупотребува.
– СДСМ треба да собере сили и да ги отфрли уцените кои внесуваат тензии меѓу граѓаните и носат ризик за дестабилизација на земјатаСДСМ треба да престане да оди спротивно на државните и националните интереси. СДСМ треба да види дека народот се буди и не прифаќа платформи од Тирана и редефинирање на државата. СДСМ треба да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ја добие нашата поддршка само да се откаже од антидржавната агенда, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.-ВМРО-ДПМНЕ принципиелно, како и досега, смета дека е крајно недемократски и непримерно да се напаѓаат медиуми и екипи поради нивното известување з

loading...
Loading...