ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за докторска дејност

ВМРО-ДПМНЕ денеска на иницијатива од пратениците доктори на ВМРО-ДПМНЕ, а со поддршка и од останатите пратеници од паријата и коалицијата „За подобра Македонија“, во Собранието на Република Македонија ќе поднесат закон за докторска дејност.Овој предлог закон го поднесуваме бидејќи иницијативата за ваков закон се јави уште од претходниот мандат, од пратениците доктори од тој состав и беше предвидено овој закон да биде донесен до крајот на мандатот, но поради политичката состојба во Република Македонија овој закон не го виде дневното светло, рече на прес-конференција Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека како најголема придобивка од донесувањето на овој закон е предвиденото вреднување на докторскиот труд односно утврдување на висината на платата преку колективен договор, која што би ја земале општите  доктори и докторите специјалисти од примарното, секундарното и терцијалното здравство.
– Со овој закон се предвидува платата на докторите специјалисти да изнесува четири и пол просечни плати или 100.000 денари нето плата, додека пак платите на општите доктори да изнесува две и пол просечни плати односно 56.000 денари нето плата, рече Ѓорѓиевски.
Покрај утврдување на висината на платите на специјалистите и општите доктори, со овој закон се нуди и системско решение со кое, како што сметаат од партијата, ќе се подобри квалитетот на здравствениот кадар и на здравствените услуги за граѓаните и ќе се спречи одливот на здравствените мозоци во странство.
– Оттука, како пратеници, сигурни сме дека со ова законско решение најмногу добива македонското здравство преку поквалитетни услуги на докторите и посветеноста во односот на докторите кон пациентите. Бидејќи во предизборието од страна на СДС на оваа фела и се ветуваа промени во работењето и валоризација на трудот на докторите, ние како ВМРО-ДПМНЕ сакаме да го дадеме нашиот придонес со овој мотивациски и стимулативен закон како конструктивна опозиција, со цел да се подобри дигнитетот и достоинството на оваа фела, рече Ѓорѓиевски.
Тој исто така нагласи дека со овој  предлог закон се заокружува еден огромен пакет мерки на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на здравството во нашата држава, како што рече, покрај инвестициите во набавка на современа опрема низ сите здравствени установи во Република Македонија, реновирање и изградба на нови здравствени објекти, стручната доедукација на кадрите во Македонија и странство.
– Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме од парламентарното мнозинство на чело со СДС да го поддржат овој закон поради тоа што беше ветено од нивна страна во предизборниот и постизборниот период, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека сметаат оти ова е позитивна мерка. Изрази надеж дека  од август или септември оваа година докторската фела ќе може да го почувствува зголемувањето на платите.
На прес-конференцијата беше напоменато дека овој закон е работен во консултација со Лекарската комора, Здружението на лекари и Синдикатот.Овој предлог закон го поднесуваме бидејќи иницијативата за ваков закон се јави уште од претходниот мандат, од пратениците доктори од тој состав и б

Пронајдете не на следниве мрежи: