ВМРО-ДПМНЕ поблиску до ставовите и личните убедувања на македонските граѓани

„Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, ја спроведе анкетата на барање и во соработка со неделникот „Република“.Според резултатите од последната анкета што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“ 38,3 отсто од испитаниците се изјасниле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повеќе се грижи за националните и општите интереси на Република Македонија, а само 17,2 проценти сметаат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е поголем патриот.

„Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, ја спроведе анкетата на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 11 до 17 ноември 2016, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.
Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците.
Груевски е изборот на граѓаните кога е во прашање премиерска функција.Тие сметаат дека првиот човек на владејачката партија е подобро решение доколку треба да се избира помеѓу него и претседателот на опозициската СДСМ, Заев.

Дури 42,5 проценти се изјасниле дека би го избрале претседателот на владејачката партија. За Заев се одлучиле само 24,1 процент.

Македонците категорично ги одбиваат ставовите на Зоран Заев за употребата на албанскиот јазик. 

Дури 70,6 отсто се изјасниле дека не ги прифаќаат ставовите на првиот човек на СДСМ. Само 17,9 проценти се согласуваат со Заев околу ова прашање.

Граѓаните не веруваат дека опозицијата, доколку ја преземе власта би билаподемократична во однос на актуелната власт.

29,2 проценти се изјасниле дека опозицијата би била подемократична доколку дојде на власт, наспроти 48,4 проценти кои сметаат дека доколку дојде на власт опозицијата нема да биде подемократична од актуелната власт.

СДСМ не е подобра алтернатива од ВМРО-ДПМНЕ, сметаат поголем дел од македонските гласачи. 
Дури 50,8 отсто веруваат дека актуелната власт е подобра алтернатива, а речиси половина помалку, односно 26,7 отсто се со спротивно мислење.

Граѓаните не веруваат ни дека СДСМ, доколку дојде на власт ќе работи подобро, односно ќе има подобри мерки и програмиод ВМРО-ДПМНЕ.

Само 25,2 отсто од испитаниците се изјасниле дека СДСМ би работела подобро, наспроти двојно поголемиот број гласачи, 50,9 проценти, кои сметаат дека опозицијата, доколку дојде на власт, ќе нема подобри мерки и програма од актуелната владејачка партија.

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се поблиски до ставовите и личните убедувања на граѓаните.

На прашањето без разлика дали би гласале или не, која партија е поблиска до вашите ставови и лични убедувања, 37,3 проценти се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 проценти за СДСМ.

45,5 проценти од македонските гласачи веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори. На прашањето Според вас, кој би победил на следните избори, македонските испитаници одговориле:

16,6 проценти пак сметаат дека СДСМ би издвојувала победа.
Според македонските гласачи ВМРО-ДПМНЕ генерално има поголема поддршка од граѓаните. 

53,4 проценти од испитаниците веруваат дека актуелната владејачка партија има поголема поддршка, наспроти 18,5 проценти кои се со мислење дека поддршката од граѓаните и е наклонета на СДСМ.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е подобра, сметаат поголем дел од граѓаните.

Дури 43,7 проценти се изјасниле дека владејачката партија има подобра програма, наспроти двојно помалиот број граѓани, 22,9 проценти, кои сметаат дека СДСМ има подобра програма.

Анкетата ја репрезентира популацијата според основните демографски карактеристики – пол, возраст, образование, национална припадност, работен статус, место на живеење село – град, регион. Анкетирањето е спроведено со метод анкета лице влице, во домот на анкетираниот. Се анкетира само едно лице во семејство кое е избрано случајно во рамките на семејството лицето кое има прв следен роденден.
Маргина на грешка е ± 3.1 проценти.Според резултатите од последната анкета што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: