ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа: Еве го нивното водството по општини

ВРМО-ДПМНЕ во сите 22 општини на ИЕ 3 има голема разлика и апсолутен победник пред СДСМ. Заклучокот е дека Македонците, Турците, Бошњаците, Власите, Ромите, Србите гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. СДСМ на пресот, појасни Владимир Ѓорчев, носител на ИЕ 6, победи онаму каде што има мнозинство албанско гласачко тело.Ова се резултатите кои на прес конференција ги соопшти Ѓорчев, а се однесуваат по општини во изборните единици.
Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела вода пред СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 19 000: СДСМ 15 000. Победа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и во Македонски брод, 2 200 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата а 1600 за СДСМ. Сопиште 1600 за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 1000 за СДСМ
Во Сарај ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со убедлива победа 5:1 и тоа 7 800 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наспроти 2100 за СДСМ. Во Бутел победи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 9000 гласови наспроти 7 800 за СДСМ.
СДСМ има предност пред ВМРО-ДПМНЕ во албанските средини и тоа во Радишани, Љубанци.
Во Гази Баба убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и тоа со 7000 гласови разлика пред СДСМ.
Во Ѓорче Петров за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата 12 400 а за СДСМ 12 000.
Во Шуто Оризари голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и тоа со 5000 гласови за нив, а 2500 за СДСМ.
Во Куманово ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат убедлива победа во Доброшане, Орешац, Клечовце, општини кои СДСМ ги укина во 2004 година.
СДСМ има убедлива победа во Диво Насеље.
Во третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во Велес и тоа со 3 500 гласови разлика пред СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 16 500 а СДСМ 13 000.
Во Градско и Штип убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Пробиштип со освоени 4 800 гласови, наспроти СДСМ со 2 600.
Исто така убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во Илинден со освоени 6 400 гласови наспроти СДСМ 3 400. Исто така во Петровец каде освоија 3000 гласови, наспроти СДСМ со 1 800 гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи и во Кочани со 10 500 гласови, додека пак СДСМ освоиле 9 300. Во Крива Паланка ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 6 500 гласови а СДСМ 5 900.
Во Кратово победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е 2:1 пред СДСМ со освоени 13 000 гласови, а СДСМ само 800.
Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Карбинци, Зрновци, Видовиште. Исто така во Македонска Каменица каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 6 200 а СДСМ 4 100.
Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Прилеп со освоени 23 500 гласови. Победа и во Новаци, Могила и Ново Село. Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Неготино со 6 500 наспроти СДСМ со 5 400.
Во 5-та ИЕ во Охрид ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 16 800 гласови, а СДСМ 14 700. Исто така победа во Кичево каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои 7 600 гласови наспроти СДСМ со 4 700.
СДСМ како што појасни Ѓорчев победиле во Зајас и Осломеј, албански општини.
Победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Демир Хисар со 2 500 гласови исто и во Вевчани.
Во шестата изборна единица СДСН има победи во местата каде има мнозинство албански електорат, како што се Желино, Боговиње, Шипковица.
Во Арачиново, СДСМ има 2060 гласови, а како што вели Ѓорчев според нивните информации СДСМ има повеќе гласови од ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во Брвеница каде освои 1333 гласови а СДСМ 605, во Јегуновце, Тумчевиште, Седларце, Непроштено, Жилче. Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Лешок каде освоија 177 наспроти 69 на СДСМ.Ова се резултатите кои на прес конференција ги соопшти Ѓорчев, а се однесуваат по општини во изборните единици.
Убедлива победа на ВМРО-ДПМ

Пронајдете не на следниве мрежи: