ВМРО-ДПМНЕ: Со финансиите на СЕП управувала золвата на Шеќеринска?

Дрскоста и ароганцијата на раководството на СДСМ нема крај. Правејќи се наивна Радмила Шекеринска вчера се обиде да ја отргне целата одговорност од себе за скандалот со доделување на средства од меѓународна помош за Македонија на фирмата на своите братучеди, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Но наивноста на Шеќеринска е само маска. Радмила Шеќеринска, како Заменник Претседател на Владата на Република Македонија, лично, со свој потпис, од ден 01.12.2005 година, во Секретаријатот ја вработува сестрата на својот сопруг, госпоѓата Лира Секуловска и од истиот ден ја назначува за Раководител на Сектор за општи работи и буџет. Не ја вработува и ангажира на друго, нормално место во администрацијата на Секретаријатот, туку директно ја назначува за Раководител на секторот кој е надлежен за финанското работење на секретаријатот – истакна Ѓорчев.

Сестрата на сопругот на Шеќеринска добила задача да се грижи за финансиите во институција раководена од Шеќеринска. Поголема дрскост од ова во Македонија се нема случено.
Дополнително, но и уште пофрапантно, само два месеци подоцна, сестрата на сопругот на Шеќеринска, Лира Секуловска, од страна на Секретаријатот добива целосно овластување  за реализација на средствата за дури четири жиро сметки за донации во Секретаријатот за европски прашања.
Извор:republika.mk Правејќи се наивна Радмила Шекеринска вчера се обиде да ја отргне целата одговорност од себе за скандалот со доделување на средства од меѓуна

Пронајдете не на следниве мрежи: