ВМРО-ДПМНЕ: Заев им се заканува на судиите зашто се плаши од одговорност

ВМРО-ДПМНЕ смета дека заплашувањата на претседателот на СДСМ Зоран Заев и експертите блиски на партијата кон судиите и вработените во јавната администрација покажуваат дека тој не се откажал од, како што велат од партијата намерата за јадење живи луѓе и пресметка со сите кои не им се допаѓаат или немаат ист став со нив.- Заплашувањата на Заев и неговата ергела платени експерти врз судиите и вработените во јавната и државната администрација се само уште еден обид да се врати државата во мрачните 90-те години, кога без работа и без основни средства за егзистенција останаа над 200.000 луѓе, беа затворени над 600 фабрики, а кривичните пријави на партиско подобните случајно беа губени. Заев потврди дека не се откажал од намерата за јадење на живи луѓе, тоа значи пресметка со секој еден човек во Македонија кој не им се допаѓа на Заев и криминалната клика околу него, изјави на денешната прес-конференција Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека Заев е во страв и паника и оти единствено што сака е да се спаси себе си од кривична одговорност за големиот број кривични дела кои му се ставаат на товар, поради што, рече, им се заканува на судиите со генерален реизбор на судии.
– Генерален реизбор на судии не може да има бидејќи тоа е во спротивно со домашните и меѓународните законски норми. Во Република Македонија постои Републички Судски Совет, кој е единствено надлежен да одлучува за и околу именување, разрешување и суспендирање на судии. Секој обид за каков било политички притисок врз судиите и судскиот систем значи авторитарен обид да се стави судството под партиска чизма и да се врати државата во 90-те години од минатиот век, истакна Манојлоски.
Потенцира дека СДСМ треба да знае дека денес сме 2017-та година, а не 1996-та, и оти судиите не се и не смеат да бидат нивни партиски потрчковци. Заев, рече Манојлоски, треба да знае дека кривичните дела за кои се гони се дела што не застаруваат бргу и оти нема да може да ја избегне  одговорноста. – Заплашувањата на Заев и неговата ергела платени експерти врз судиите и вработените во јавната и државната администрација се само уште еден обид д

Пронајдете не на следниве мрежи: