ВНИМАНИЕ! Пет докази дека апостолките се најопасните летни обувки!

Најлесно е да се поднесат топлите денови со боси стапала. Затоа не зачудува што многумина одлучуваат да носат апостолки со кои се олеснува чувството на топлина.Но, овој летен хит може да го загрози здравјето.
1. Предизвикуваат болести
Стапалата се изложени на бактерии и вируси од околината кога носите апостолки. Тоа може да претставува голем проблем ако ја имате оштетено или исечено кожата, затоа што на овој начин голем број причинители на болести можат да влезат во организмот и да предизвикаат болка.
2. Ве забавуваат и ве прават несмасни
Едно истражување во Аубрун покажало дека луѓето кои носат апостолки прават помали чекори, а со тоа и побавно се движат, за разлика од луѓето кои носат патики. Конструкцијата на апостолките е таква што не создава голема стабилност на стапалата, па ако одите по нерамен терен т.е. плажа или нешто слично, постојат поголеми шанси да се сопнете и да паднете.
3. Ги уништуваат петите и прстите
Одењето во апостолки е посебно оптоварување за предниот дел од петата. Гумата или пластиката од која најчесто се прават апостолките не го ублажуваат таквиот напор, што по подолг период резултира со болка во петите и нозете.
Честото носење апостолки може трајно да го промени и изгледот на ножните прсти т.е. да се закриват, што може да претставува голем медицински и естетски проблем.
4. Создаваат плускавци
Плускавицте меѓу прстите се честа последица од носењето апостолки, што не е ни чудно бидејќи овој тип на обувки е одржан од само тврдо парче пластика или гума. Оштетување на кожата на стапалата дополнително го загрозува здравјето.
5. Предизвикуваат болки и го менуваат телото
Овој вид обувки не нуди стабилност поради што луѓето кои ги носат често одат подгрбавено, што може да предизвика проблеми со карлицата, колковите и колената. Од таа причина, носењето апостолки не се препорачува на луѓе со рамни стапала.Но, овој летен хит може да го загрози здравјето.
1. Предизвикуваат болести
Стапалата се изложени на бактерии и вир

Пронајдете не на следниве мрежи: