Внимавајте: Еве како мажите манипулираат со вас, а за тоа не сте ни свесни!

Препознајте на време дали имате манипулатор покрај себе.Тенка е линијата меѓу партнерот кој се однесува заштитнички и ониј кој е доминантен и ја презема контролата над вашиот живот.
„Иако жените можат да бидат посесивни, мажите се склони да станат насилни ако им е загрозен љубовниот живот“, тврди докторката Луен Бризендин, професорка по психологија на Универзитетот во Калифорнија.
Проблемот вообичаено започнува со мали предупредувања, по одредено време се претвора во контролирање, а партнерот може да стане насилен.
На пример, тој може да открие кои се вашите слаби точки, па кога ќе ве фати во момент на слабост, станува најпрекрасната личност на светот и ве уверува дека сите се против вас, а дека само тој ве штити. Важно му е да ве изолира, за целосно да се потпрете на него. Често ќе ве оцрнува, а ќе ги оцрнува и членовите на вашето семејство и пријателите, само за да ве оддалечи од нив.
Кога ќе сфатите дека токму тој е негативецот, веќе е доцна. Меѓутоа, постојат суптилни знаци кои ве предупредуваат дека се работи за ваков вид на личност. Прв и најсомнителен знак е тоа дека тој постојано „душка“ околу вас, ги прислушува вашите телефонски разговори или ве испрашува за телефонските повици и бара да објасните чиј е тој број што сте го повикале.
Сомнително е и ако постојано внимава како се однесувате во друштво, и често ве обвинува дека флертувате со секој кој се насмеал на вашите шеги. Ако некој се обиде да ви се додворува, тој ќе ви рече: „Ти реков“, како да сте вие крива. Секогаш ве обвинува, дури и кога ќе застанете да поразговарате со пријателите од детството.
Исто така, тој настојува емоционално да ве ослабне и веројатно ќе почувствувате дека сте спремна да попуштите и да престанете да се дружите со луѓето кои ги сакате само за тоа да не го навреди. Но, немојте тоа да го дозволите бидејќи така го добива токму она што го сака: Целосна контрола над вашиот живот.
Треба да бидете внимателна и ако тој не ви дозволува сами да ги вршите работите, под изговор дека ве заштитува. Не е нормално ни да очекува вашиот живот постојано да се врти околу него, а особено ако бара постојано да му бидете на располагање, и очекува да разговарате со него кога тој ќе посака, дури и ако во тој момент сте со своите пријатели. Пазете се и од болната љубомора, драматизирање зашто не го сакате колку тој вас, како и на тоа дека секогаш ве тера да го промените мислењето за нешто зашто тој е оној кој е во право.
ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ: Еве токму како се одвива таа манипулација:

Колку вам ви е полошо, толку нему му е подобро: Можеби се уште не сте го сфатиле ова, но колку што вам ви е понеудобно во негово друштво, толку тој е позадоволен и се чувствува сакано. Тој е вашиот човек за се: Сака да му ги доверите проблемите, без разлика дали може да ви помогне или не. Ако повикате некој друг, ќе биде бесен.
Се што прави ве збунува: Прво е грижлив, а потоа бесен бидејќи не е по негово и сами се уверувате дека таа негова страна треба да ја занемарите бидејќи сепак „многу ве сака“.
Или сте со него, или сте виновна: Можеби тој нема тоа да го каже така, но ако одлучите да го поминете времето со некој друг, ќе ве натера да се чувствувате лошо бидејќи го „игнорирате“. Се однесува како да е сосем нормално целосно да му припаѓате, и колку повеќе се обидувате да се изборите за простор, тој очајно се обидува да ве зароби.
Емоционална манипулација: Се плашите да го прашате или да му кажете нешто, и не дај боже да му се спротивставите, бидејќи никогаш не знаете како ќе реагира. Ваквиот човек вам, без никаква причина, ќе ви одржи предавање во кое ќе ги наброи сите ваши мани и ќе заклучи дека нема да ви помогне затоа што сте изгубен случај, глупави да сфатите било што, или пак сте неспособна. Со тоа ви ја уништува самопочитта.
Сосема е веројатно да ви ги „извади на нос“ оние кои се позгодни или поуспешни од вас, а ако некогаш се обидете да се оттргнете од таквото однесување и одлучите да го напуштите, веројатно ќе падне на колена и ќе се извини за повторно да ја придобие вашата љубов.
Меѓутоа, сето тоа ќе потрае само до следната прилика за ново емоционално злоставување.Тенка е линијата меѓу партнерот кој се однесува заштитнички и ониј кој е доминантен и ја презема контролата над вашиот живот.
„Иако ж

Пронајдете не на следниве мрежи: