Внимавајте каде се криете под сенка: Стоењето под ова дрво е СМРТОНОСНО!

Hippomane Mancinella е називот на најсмртоносното стебло во светот, а сите оние кои планираат да патуваат на југот на Северна Америка и северот на Јужна Америка, ќе треба да го запамтат многу добро ова име.Имено, Манчинела е толку опасно растение, што претставува закана за човечкото здравје и кога човекот едноставно стои под неговата крошна, а листата на начини на кои може да ве убие е прилично долга.
Покрај плодовите кои се отровни, исклучително отровен е и сокот кој се лачи од стеблото на ова дрво, а може да предизвика и опекотини кога ќе дојде во допир со кожата.
Во времето на Колумбо, ова растение било познато под името „Manzanita de la muerte“, поради плодовите налик на јаболка, кои наводно не се со лош вкус, но во најдобар случај гарантираат посета во Брзата помош.
И кората на дрвото е отровна, а колку е опасно зборува и податокот дека многу туристи, и наспроти предупредувањата, настрадале додека пробувале да се сокријат од дожд под неговата крошна. Капките од дожд со себе повлекле и дел од отровот, а дури и тие мали количини можат сериозно да ги повредат луѓето.
Димот кој настанува со палењето на ова дрво, е толку токсичен што во краток рок трајно ќе го ослепи секој оној кој ќе се најде во негова близина.Имено, Манчинела е толку опасно растение, што претставува закана за човечкото здравје и кога човекот едноставно стои под неговата крошна, а листата

Пронајдете не на следниве мрежи: