ВНИМАВАЈТЕ што пишувате на Фејсбук: Завршил во затвор поради статус за Лепа Брена!

Маж од Белград на Фејсбук напишал статус за пејачката Лепа Брена, поради што завршил на информативен разговор во полициска станица.Тој се изненадил откако му пристигнал повик за разговор, а подоцна во полициската станица му било кажано дека е повикан поради реченицата „Лепа Брена, лепо гори“ (Убавата Брена, убаво гори).
„Тој само сакаше да се пошегува и затоа го напиша тој статус. Не можеше да претпостави дека полицијата ќе реагира поради тоа и дека ќе си има проблем. По неколку дена му стигна повик да се јави во полициска станица на информативен разговор. Не знаеше за што станува збор и ништо не му беше јасно сѐ додека не се појави таму. Инспекторите му рекоа поради што е повикан и тој не можеше да поверува. Ниту на крај на памет му текна дека е повикан поради напишаниот статус“ – изјавил извор од истрагата за Ало.рс.
Во станицата го прашале дали ја познава Лепа Брена, дали некогаш бил во контакт со неа или се нашол во нејзина близина. Тој дал негативен одговор и објаснил дека не ја мрази пејачката, бидејќи сето тоа било шега.
Штом се вратил дома, мажот го избришал објавениот статус.

Пронајдете не на следниве мрежи: