Внимавајте: Влажните марамчиња можат да бидат многу штетни

Неколку истражувачи од клиниката Мејо во Минесота докажаа дека хемикалијата метилхлороизитиазолинон MCI, која се користи во влажните марамчиња, може да предизвика црвенило, иритации и алергиски реакции.Неколку истражувачи од клиниката Мејо во Минесота докажаа дека хемикалијата метилхлороизитиазолинон MCI, која се користи во влажните марамчиња, може да предизвика црвенило, иритации и алергиски реакции. Токму поради тоа се препорачува да бидете претпазливи при купувањето на ваквите производи.
Читајте ги декларациите на влажните марамчиња
Антибактерискиот спој бронопол што го содржат некои влажни марамчиња е штетен за кожата и за белите дробови, како и за имунолошкиот систем. Во влажните марамчиња често се наоѓаат и токсичните фталати кои, како што тврдат стручњаците, ги имитираат женските хормони.
Научниците инсистираат предметната хемикалија да биде веднаш додадена кон листата на токсични соединенија, бидејќи не се става само во марамчињата, туку исто така и во козметиката.
Во големи концентрации MCI е познат кожен надразнувач кој е во состојба да предизвика и изгореници. Според светските прописи тој е безбеден кога се употребува во пониски концентрации и кога не е во продолжен контакт со кожата.
Експертката  по алергологија на Универзитетот во Минесота, др. Варшау, вели дека 3% од целокупното население е алергично на оваа хемикалија. Заедно со овие штетни конзерванси постои и друг опасен алерген – освежувачот. Соединенијата кои го одржуваат свежиот мирис на влажните марамчиња можат да ја иритираат кожата, а ако дојдат во контакт со очи или отворена рана можат да предизвикаат десет пати посилна алергиска реакција.
MCI исто така го има и во шампони, сапуни, гелови за туширање и кремови за сончање. Експертите предупредуваат да се проверува составот на производите кога се купуваат за да се избегнат оние што го содржат овој конзерванс.
Извор: МКnewsНеколку истражувачи од клиниката Мејо во Минесота докажаа дека хемикалијата метилхлороизитиазолинон MCI, која се корис

Пронајдете не на следниве мрежи: