Во Амстердам се отвори музеј на проституцијата

Активностите на разголените убавици од прочуениот кварт „црвени фенери“ во Амстердам се тема на малиот, едукативен музеј кој е отворен во овој холандски град. „Музејот под наслов „Тајните на црвените фенери“ е наменет на оние кои сакаат да дознаат повеќе за тоа како се врши најстарата „професија“ на светот, а притоа да не мораат да побараат услуги од проститутките“, рекол организаторот Мелхер де Винд, пренесува АП.
како што самата содржина наметнува, музејот е сместен во поранешната јавна куќа, во една од типично тесните амстердамски згради.
Во музејот се влегува проаѓајќи поред холограмот на проститутката која посакува „добредојде“. Експонатите се обидуваат да го одредат местото на убавиците во друштво, а краткиот филм ги запознава посетителите со луѓето кои работат со нив.

Амстердамските проститутки ги изнајмуваат излозите на половина ден, обично работат на смена од по 11 часа, шест дена во неделата. Поголемиот дел од времето го поминуваат чекајќи клиенти. Во слободно време посетуваат фризерски салони, уредуваат нокти и купуваат облека.
Идејата за музејот била да се документира историјата на проституцијата во Амстердам, која почнала од 16 век, кога овој пристанишен град бил центар на трговијата со зачини, преку Наполеоновите војни, кога проститутките биле прв пат принудени да одат на редовни докторски прегледи за да се спречи ширењето на венеричните болести меѓу војниците и до денешен ден тоа е се уште така.
Влезот во музејот, кој е отворен секој ден од пладне до полноќ, чини 7,50 евра. „Музејот под наслов „Тајните на црвените фенери“ е наменет на оние кои сакаат да дознаат повеќе за тоа како се врши најстарата &b

Пронајдете не на следниве мрежи: