петок, 27 ноември 2026
Најново

Во августовскиот рок 2.011 матуранти ќе полагаат матура

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Оваа учебна година за државната матура во августовски испитен рок се имаат пријавено 2011 ученици. Денеска се полагаше задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македонски јазик и литература полагаа 280 кандидати, албански јазик и литература 370, а 43 ученик турски јазик и литература.
Како што информира Државниот испитен центар, согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно треба да имаат положено три предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик. 
Утре ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1.466 кандидати, а француски јазик и германски јазик по седум кандидати.
На 16 август 56 кандидати ќе полагаат математика, а на 17 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 219 кандидати, историја 210, биологија 77, филозофија 164, хемија 5, физика и естетика по двајца.
Испитите ќе се реализираат на 18 локации во Република Македонија и сите почнуваат во 10 часот. Испитниот материјал, истиот ден кога се реализира испитот, се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.Денеска се полагаше задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македон

Поврзани вести