Во Доњецк е убиен камерман на една руска телевизија

– Синоќа почина нашиот колега Анатолиј Клијан. Тој имаше 68 години. Смртно е погоден во стомакот, објави телевизијата Канал 1.Камерманот на руската телевизија Канал 1, почина од здобиени повреди бидејќи претходно на него пукале припадниците на украинската војска во Доњецк.
Клијан бил во автобус кој претежно бил полн со жени, главно мајки, кои се упатиле кон воена база во Доњецк со цел да бараат нивните синови да бидат отпуштени од воената единица и да им се дозволи враќањето дома.
Кога автобусот стигнал до дестинацијата, беше пукано од воената база и камерманот беше ранет.
Клијан почина во амбулатното возило на патот кон болницата, потврди првиот заменик на премиер на локалните проруски власти, Андреј Пургин, за руската агенција РИА Новости.
Русија Денес наведува дека и друга екипа на руски новинари вчера се нашла на удар од вооружен оган и дека на екипата од Лајфњуз е пукано во близина на воената база на Доњецк. Врз нивниот автомобил е испалена граната од минофрлач, но за среќа, никој не бил повреден.Камерманот на руската телевизија Канал 1, почина од здобиени повреди бидејќи претходно на него пукале припадниците на украинската војска во Доњецк.

Пронајдете не на следниве мрежи: