Во Епицентар денеска и утре голема журка со познатите DJ Hell и Moodymann

Овој викенд програмата на клубот Епицентар е од историско значење за културата и клупската сцена на нашата земја. Како ретко кој клуб во светот ќе имаме можност да проследиме две гигантски уметнички појави кои со својата визионерска улога и генијалност инспирираа генерации диџеи и продуценти, а воедно станаа и миленици на светската клупска публика.  Денеска, петок, 17 март во рамките на прославата на десетгодишнината на диџејската асоцијација Полукс [Pollux], како специјален гостин ќе настапи DJ Hell (Helmut Geier) – ветеран на електронската музичка сцена. Тој започнува со клупски настапи во 1978 година, инспириран од моќната продукција на експериментална електроника и техно поп музика. Во 1992 година ќе го издаде синглот со наслов “My Definition of House Music” и ќе започне да работи во повеќе битни дискографски куќи.
Веќе следната година се сели во New York каде ќе биде резидент на клубот Limelight заедно со Jeff Mills – уште една техно легенда. Следната година се враќа во Берлин и работи за Hard Wax продавницата за плочи каде повторно започнува со долги резиденции во градот кој веќе станува светски центар на undergound клупската култура.
Во 1997 година DJ Hell ја создава дискографската куќа Gigolos Recordings со која ќе успее да открие значајни имиња и воедно визионерски да претстави музика која подоцна ќе го дефинира жанрот Elector Clash. Тој иако е присутен во над трисa изданија, квалитетот и новиот оригинален електронски звук без тенденција припаѓаат на овој, специфично дефиниран жанр. Па затоа за Gigolos Recordings свои изданија ќе имаат: Jeff Mills, Dave Clarke, Tiga, Fischerspooner, Dopplereffekt, Vitalic, Bobby Konders, Miss Kittin, KLF, Tuxedomoon, Laurent Garnier.
Во меѓувреме, DJ Hell продуцира музика и успева да се наметне како вистински суперстар со постојани настапи на сите континенти.
Неговата популарност ќе го внесе и во светот на модата, создавајќи специјални миксови за познати модни брендови, а еден од неговите синглови ќе стане и вистински MTV хит со незаборавно видео снимено во Рио за песната “Koпа”. Тој и денес е лидер на сцената прославувајќи дваесет години од дискографската куќа Deejay Gigolos и издавањето на новиот албум кој го најави минатиот месец со синглот I want YOU.
Веќе следната вечер, Сабота 18 март клубот Епицентар ке биде домаќин на продуцентот и Dj Moodymann (Kenny Dixon Jr.) од Detroit, USA. Ретко кој продуцент и диџеј се смета за Диџеј на Диџеите, тоа се заслужува со огромен креативен потенцијал и оригиналност која инспирира. Со вкупно 11 албуми и огромен број на синглови, сите во различни хибридни комбинации на техно и хаус со семплови и фрази од џез соул и фанк музика, Мудимен ќе ја редефинира хаус музиката. Неговиот пристап на мешање дигитална продукција со акустично отсвирени инструменти му дава можност да создаде квалитет кој содржи повеќеслојно музичко искуство, превземено од неговите омилени уметници во современата музика. Затоа и музиката која ја создава е безвременска и не гравитира во некој актуелен тренд.
Овој харизматичен уметник е вистинска противтежа на моќната машинерија која денес раководи со андергроунд електронската сцена, која има за цел од секој артист да создаде суперстар не водејќи сметка за тоа колку истиот го оддалечува од суштината на тоа што е underground музика и каква е улогата на авторот.
Тој знае дека музиката е таа што треба да е достапна и не се продава себеси како производ. Оваа негова позиција е тоа што го прави мистериозен, енигматичен и омилен кај искрените вљубеници на хаус и техно музиката. Moodymann оваа година е актуелен со неговиот микс за респектираната серија на !K7 која преферира артисти со сериозна уметничка вредност, без разлика дали таа функционира клупски или само слушачки.
Овие две ноќи во клубот Епицентар со DJ Hell и Moodymann прават да нé посакаш да си на ниту едно друго место на планетата. Скопје стана центар на врвно квалитетната електронска музика, а за тоа дефиниција се овие два настани кои следат.
DJ Hell:

Moodymann:
https://www.youtube.com/watch?v=cml9s0C2_Uw&feature=youtu.beДенеска, петок, 17 март во рамките на прославата на десетгодишнината на диџејската асоцијација Полукс [Pollux], како специјален гостин ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: