Во грчки учебник по историја се појави името „Македонија“

Во Грција се појави учебник по историја во кој е напишано името “Македонија”. Поранешниот префект на грчката област централна Македонија Панајотис Псомијадис испрати писмо до премиерот Андонис Самарас од кого бара лично да интервенира со цел веднаш да се повлече учебникот.Псомијадис во писмото наведува дека во учебникот „Историја на модерниот и современиот свет“ на 130. страница „останала мапата на која нашата земја „сосема произволно е претставена како Македонија“.
Мапата е илустрација на текст за главните нацистички концетрациони логори во окупирана Европа за време на Втората светска војна.
Тој потсетува дека присуството на оваа мапа уште во 2007 година предизвикала остри реакции „затоа што отвара задна врата за тврдењата на соседната земја“.
– Тврдините паѓаат од внатре премиере. Тоа е благодарение на познатата во јавност, пропаганда на Скопје внатре во нашите граници… Во грчкото образование нема место за пропагандата на Скопје, пишува Псомијадис, а копија од писмото испратил и до министерот за образование.
ЗаСеПсомијадис во писмото наведува дека во учебникот „Историја на модерниот и современиот свет“ на 130. страница „останала мапата на

Пронајдете не на следниве мрежи: