Во иднина автомобилите ќе разменуваат информации со патната инфраструктура

Компанијата „Ауди“ учествува во шест проекти, чија цел е да се подобри комуникацијата меѓу автомобилите, но и меѓу автомобилите и инфраструктурата.Ауди се приклучи на експерименталната програма Digital Motorway Test Bad, во рамките на која властите испитуваат технологија за размена на информации помеѓу автомобилите и објекти од инфраструктурата.
Во иднина тие можат да имаат масовен удел при изградба на патната мрежа и да се користат како беспилотни возила. Програмата беше лансирана по иницијатива на Министерството за транспорт на Германија, локални IT компании и владата на Баварија.
На неколку делови од автопатот A9, меѓу Нирнберг и Минхен, се монтирани сензори и предаватели кои им помагаат на автомобилите да „комуницираат“ меѓу себе и со инфраструктурата. Audi ќе учествува во шест проекти, од кои три се насочени кон технички решенија, уште толку кон комуникациската технологија.
„Планираме да се концентрираме на создавање на нови материјали кои ќе ги одразуваат подобро брановите на радарите на поголеми далечини, како и во лоши временски услови. Покрај тоа, ќе се унапредат сензорите кои треба да ги препознаваат подобро другите возила. Конечно ќе помогнеме за создавање на технолошка инфраструктура, која ќе им помага на беспилотните возила да се ориентираат подобро во просторот“ – објаснува Алехандро Вукотиќ, шеф на одделот за развој на системите за беспилотно управување на Ауди.
Ауди учествува во проектот „Car2Infrastructure“, чија цел е развој на информациски патокази кои работат во режим на реално време.
„Онлајн знаците“, се потпираат на мрежна конекција која ќе пренесува информации за различни ситуации, вклучувајќи метеж, ограничувања, поправки. Инженерите на Aуди имаат развиено универзален интерфејс, кој може да работи со различни информациско-рекреативни системи.
Податоците внесуваат постојано во клауд просторот на Aуди, по што се пренесуваат кон возилото. Информациите ќе можат да се пренесуваат по стандардот LTE-V, што е корисно за областите каде што нема покриеност на мобилни оператори.
Од Aуди велат дека, благодарение на LTE-V, автомобилите ќе може да разменуваат информации помеѓу нив и да се предупредуваат за опасност, на пример дека коловозот е подмрзнат. Покрај тоа, транспортните средства ќе можат да образуваат конвој, што ќе овозможи да се движат во услови на помал отпор на воздухот, што ќе ја намали нивната потрошувачка.Ауди се приклучи на експерименталната програма Digital Motorway Test Bad, во рамките на која властите испитуваат технологија за размена на информац

Пронајдете не на следниве мрежи: