Во книжарницата „Литература.мк“ се отвора франкофонско катче

Книжарницата Литература.мк, издавачката куќа Арс Ламина публикации и Францускиот институт во Скопје ве покануваат на отворањето на првото специјализирано продажно франкофонско катче во земјава.Главната свеченост е закажана за 15 март (среда) во 19 часот, а на неа ќе се обратат неговата екселенција, господинот Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија и господинот Дарко Фиданоски, директор на издавачката куќа Арс Ламина.
Иако францускиот јазик во Македонија го изучуваат околу 40.000 ученици, досега не е издвоен специјализиран простор за изложување и продажба на литература на француски јазик.Со новото франкофонско катче се збогатува книжевната понуда во градот и таа станува подостапна за читателската публика, која на едно место ќе може да најде франкофонска литература за деца, млади и возрасни читатели, методи за изучување на францускиот јазик, преводи на француски автори на македонски јазик и обратно, книги за Франција, но и да учествува во бројните планирани работилници и книжевни читања, промоции на образовна литература (учебници и дидактички материјали), гостувања на француски писатели и илустратори и сл.Низ овие форми на делување, Францускиот институт во Скопје и книжарницата Литература.мк очекуваат да придонесат кон подобра промоција и афирмација на францускиот јазик во Република Македонија и негова поголема достапност до сите.Ве покануваме да присуствувате на свеченото отворање на франкофонското катче во книжарницата Литература.мк на ул. Македонија!Главната свеченост е закажана за 15 март (среда) во 19 часот, а на неа ќе се обратат неговата екселенција, господинот Кристијан Тимоние, амбас

Пронајдете не на следниве мрежи: