Во кои намирници се кријат здравите маснотии?

Избегнувањето на маснотиите во целост е нешто што докторите никако не го препорачуваат. На маснотиите се врзуваат разни витамини и минерали кои, во недостаток на маснотии, не се апсорбираат туку само проаѓаат низ организмот.Важно е да научите да ги разликувате добрите од лошите маснотии, а токму поради тоа следува листа од намирници кои се сојузници на доброто здравје и кои помагаат во одржување на здравјето на срцето и мозокот. 
Авокадо
Авокадото содржи отприлика 400 калории, но овој плод е богат со здрави мононезаситени маснотии кои помагаат во одржување на ниското ниво на лошиот холестерол.
Маслиново масло
Една лажичка маслиново масло содржи околу 120 калории, но ова масло е богато со антиоксиданси и здрави маснотии кои допринесуваат за доброто здравје на срцето. Истражувањата покажуваат дека медитеранската исхрана која е богата со ова масло може да го намали ризикот од заболување од рак на дојка.
Јаткасти плодови
Иако бадемите, оревите и лешниците изобилуваат со здрави маснотии, тоа не значи дека смеете да ги јадете во неограничени количини. Една шака јаткасти плодови дневно е оптималната количина која треба да ја внесете.
Јајца
Јајцата често се избегнуваат поради мислењата дека се полни со маснотии, но липидите кои тие ги содржат се всушност исклучително здрави за срцето. Со други зборови, едно јајце содржи нешто помалку од 5 грама здрави маснотии, а освен тоа, содржи и многу протеини.
Риба
Природно масните риби како лосос, скуша, харинга, сардела и туна се полни со омега-3 масни киселини. Тие содржат “добри” маснотии кои помагаат во одржување на здравјето на срцето и мозокот. Нутриционистите препорачуваат консумирање на риба барем два пати неделно.
Грав
Сите видови на грав содржат омега-3 масни киселини, а оваа намирница можете да ја припремите на навистина различни начини.
Темнозелен зеленчук
Зеленчукот како спанаќ, кељ и прокељ изобилува со омега-3 масни киселини, па затоа трудете се што почесто да ги консумирате во текот на неделата.
 Важно е да научите да ги разликувате добрите од лошите маснотии, а токму поради тоа следува листа од намирници кои се сојузници на доброто здравје

Пронајдете не на следниве мрежи: