Во Крива Паланка заврши проектот „Општинско корисна работа – грижа за стари лица“

Во Крива Паланка денеска се одржа завршен настан од проектот „Општинско корисна работа“ којшто го имплементираше локалната самоуправа, а во чии рамки старите и изнемоштени лица од руралните средини добиваа основни медицински услуги и нега.Проектот е финансисран со средства од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и од буџетот на општината, а вклучени беа Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и општинскиот Црвен крст.
– Спроведени се вкупно 39 видови на активности од превентивно-здравствени до психолошка поддршка, социјални услуги, набавка на намирници, подготовка на дрва за огрев. Вкупно се извршени 2.573 домашни посети, иако се работеше за зимски период со отежнати временски услови. Според сите извештаи, степенот на задоволство кај крајните корисници е на високо задоволително ниво, информира Бранко Велиновски, координатор на проектот на локално ниво.
Ангажирани беа невработени лица – медицински лица, негуватели и социјални работници кои им пружаа услуги на 80 стари и изнемоштени лица од општината.
– Важно е што проектот којшто досега во општината се имплементираше само во градскиот реон од страна на Црвен крст, сега го проширивме и на ниво на руралните подрачја, опфаќајќи ги ранливите категории стари и изнемоштени лица, осамени, од селата кои се пред се од разбиен тип и немаат комуникација. Некои од нив немаа ниту соседи, а ангажираните стручни лица им пружија помош и поддршка, додаде Велиновски.
Најважната придобивка од проектот, според градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, е грижата за овие лица пред се во однос на психофизичката, покрај здравствената состојба.
– На осамените и стари лица покрај медицинската нега, многу им е важна социјалната компонента, за да се почувствуваат сакани, а овој проект им го овозможи тоа во изминатите месеци. Разговорот и друштвото им ја стоплуваат душата, бидејќи не ретко, овие лица се осамени и долг период не ги посетува речиси никој, рече Алексовски.
На корисниците им беа мерени шеќер во крв, притисок и пружени основни потреби во домот. Проектот овозможи времени вработувања и стекнување искуство за 10 невработени лица кои добиваа месечен надомест од 6.400 денари.
– Како општина ќе се обидеме во наредниот период да овозможиме продолжување на проектот. Многу ми е драго што две од ангажираните лица од проектот, оценети како добри работници, веќе најдоа и постојана работа поврзана со нивната стручна подготовка, додаде Алексовски.Проектот е финансисран со средства од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и од буџетот на општината, а вклучени беа Министерството за

Пронајдете не на следниве мрежи: