Во личната борба. Севе и Милан ги вмешаа и државите!

„Северина Србија ја третира како земја во која владее потполн хаос и безвластие“Борбата околу старателството над детето на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ внесе премногу нетрпеливост, обвиненија и тешки зборови како она дека Милан сака да го киднапира сопственото дете. Северина го обвини бившиот партнер за фалсификување на српски пасош и за планирање на киднапирање на нивниот син Александар.
И додека нејзиниот менаџер Томица Петровиќ тврди дека таа никогаш не потпишала согласност за издавање на овој документ, по овој повод се огласил и тимот на српскиот бизнисмен кој во соопштението наведува дека Северина „со овие обвиненија Србија ја третира како земја во која владее потполн хаос и безвластие“, пишува српски „Ало“.
„Večernji list“ го третира прашањето за веродостојноста на документот па пишува:

 
„Фотографијата на детето на пасошот во Хрватска никако не би поминала, ни потврдија во полиција. Имено, на неа не се гледа врвот на главата на детето. Хрватскиот граничен полицаец таквиот пасош, при евентуален обид на излегување на детето од земјата, би го оценил како сомнителен и кај колегите од српската страна би проверил дали е легален, би барал доказ за старателство, согласност од другиот родител со кој би контактирал и би проверил да не е пријавено киднапирање.“
Редакцијата на српски „Блиц“ се обратила кај Полициската управа во Панчево каде што е и издаден пасошот за Александар Поповиќ, синот на Северина Вучковиќ и Милна Поповиќ.
– Патната исправа е издадена според сите важечки прописи на Република Србија –  пренесува полицијата од Панчево.
Извор: РепубликаБорбата околу старателството над детето на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ внесе премногу нетрпеливост, обвиненија и

Пронајдете не на следниве мрежи: