Во недела ќе се одржи 46-то издание на ИКАС 2014

Во недела на 13.04.2014 година, во Спортскиот рекреативен центар  Матка, ќе се одржат полуфиналните и финални трки во рамки на 46-от Илинденски кајак слалом ИКАС 2014. Полуфиналните и финалните трки ќе се одржуваат од 10:30 до 14:30 часот кога ќе бидат доделени медалите за најдобрите кајакари.Квалификациите ќе се одржат утре /12.04.2014 година/ од 10:30 до 15 часот, а вечер во Музејот на Македонската борба во рамки на церемонијата за отворање на ИКАС 2014, ќе бидат доделени признанија за заслужни спортски работници кои придонеле во кајакарскиот спорт низ изминативе години, ќе биде емитуван и краток видео документарец за една од најстарите спортски манифестации во земјава, а ќе бидат доделени и благодарници за спонзорите и помагателите на Илинденскиот кајак слалом.

На годинешново издание на ИКАС, што ќе се одржува викендов на кајак патеката во Матка се очекува учество на 95 натпреварувачи од десет држави, и тоа од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Грција, Конго, Турција, Русија и од Украина. Град Скопје е традиционален покровител на Икас, па за таа намена од Буџетот за годинава, издвоени се  околу 180.000 денари.
За љубителите на кајакот, ЈСП Скопје обезбеди бесплатен превоз од Транспортен центар до Матка. Автобусите со број 60 од Транспортен центар ќе тргнуваат во 9:45 часот, 10:30 часот, 11:00 часот и 12:30 часот, додека за враќање од Матка, автобусите ќе тргнуваат во 14:30 часот, 15:30 часот и 16:20 часот.Квалификациите ќе се одржат утре /12.04.2014 година/ од 10:30 до 15 часот, а вечер во Музејот на Македонската борба во рамки на церемонијата за отв

Пронајдете не на следниве мрежи: