Лоренсо Ламас во 80-те и 90-те глумел во сапуници, крими серии и акциони Б филмови, но имал и поголеми улоги како онаа на пример во култниот „Брилијантин“ во кој се појавил на само 19 години.Работите почнале да се менуваат веќе во доцните 90-ти. Улогите во тв серии биле се помалкубројни, а филмските понуди се свеле на лоши проекти како што е „Мega Shark Versus Giant Octopus“.
Лоренсо Ламас во еден момент одлучил да го напушти шоубизнисот и денес работи како пилот за една калифорниска туристичка компанија.
Во шоуто „Oprah: Where Are They Now“ открил за што најмногу жали денес.
„Најмногу жалам за тоа што својот успех го земав здраво за готово бидејќи бев премлад кога ја стекнав славата. Мислев дека мојата актерска кариера ќе трае вечно и не очекував дека ќе заврши на 40 години.
Постојано работев од раните дваесети. Секогаш имав нова серија или филм во кој би можел да се појавам“, вели Ламас кој веќе два пати бил присилен да прогласи банкрот.
„Тешко е кога таа лекција мораш да ја научиш на 40 години. Жалам што не се подготвив подобро за крајот на кариерата и не штедев. Наместо тоа, трошев на авиони и вили, а сите тие работи сега не ми значат ништо. Поради тоа сега немам доволно пари да му купам автомобил на својот 16-годишен син.“, заклучува Ламас.Работите почнале да се менуваат веќе во доцните 90-ти. Улогите во тв серии биле се помалкубројни, а филмските понуди се свеле на лоши проекти како



