Во северна Франција пронајдена статуа стара 23.000 години

Статуа на жена изработена од креда, стара 23.000 години, е пронајдена во градот Амиен во северна Франција, а повеќе експерти оваа палеолитска „Венера“ ја оценија како „извонредна“.- Откритието на ова ремек дело е од исклучително и од меѓународно значење – изјави Никол Фуи-Једид, регионален директор за прашања од културата, додавајќи дека претходното откритие на ваков предмет во Франција било пред 50 години.
Статуата е пронајдена во текот на археолошко испитување во квартот Ренанкур во центарот на Амијен, на само четири метри длабочина.
– Очекуваме да најдеме вообичаени остатоци како што се делкан камен и делови од коски – рече Клемент Пари, шеф на археолошкиот тим што ја пронајде статуата.
Тој нагалси дека на вторитден од ископувањето, 15-те археолози пронашле купиште вар во кој некои фрагменти не изгледале природно.
– Истата вечер внимателно реконструиравме 20 фрагменти и сфативме дека тоа е фигура на жена – изјави археологот.
– Се претпоставува дека статуата се распаднала под дејство на мраз. Со примена на јаглерод 14, прецизно е утврдено дека „Венера од Раненкур“ е стара 23.000 години, што одговара периодот во кој живееле Кромањонците – рече Пари.
Статуата од креда е висока десет сантиметри и претставува жена со големи гради и голем задник. Рацете и главата не се детално прикажани. – Таквото прикажување, ја покажува желбата да се направи симболична слика на жена, фокусирана на плодноста – додава археологот.
Постојат стотина статуети од ваков вид и од тој период откриени во Европа, пред се во Русија, во средноевропските земји и во Франција. Во Франција досега е пронајдени 15 вакви статуетки и тоа воглавно во југозападните делови на земјата.- Откритието на ова ремек дело е од исклучително и од меѓународно значење – изјави Никол Фуи-Једид, регионален директор за прашања од култура

Пронајдете не на следниве мрежи: