Во среда повторно снег

Македонија од утре ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса, која во наредните денови ќе предизвика претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни подрачја од дожд и снег.
 Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови.
Пообилни врнежи се очекуваат в среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.
Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужнит

Пронајдете не на следниве мрежи: