Во Струга се украдени изборите

Бев во текот на гласањето и при првиот крук, а и при вториот круг во Струга.
Првиот ден во Делогожда, а вториот ден во Богоец. Мојот глас беше „жртвуван“ за да се помогне на тамошниот изборен процес, да добие понормален тек. Исто така и да се покаже од страна на ВМРО дека сме спремни да не гласаме дома, само да немаме полнење на кутии во Струга. Ние ништо друго не баравме, само да се исполни изборната норма еден човек, еден глас. Оти во спротивно имате полнење на кутии и на власт доаѓаат насилници кои потоа ја имаат во свои раце судбината на сите граѓани таму..
И никој не бара повеќе од тоа. Но, некои тамошни шерифи неможат да сватат дека мора да се почитува законот и изборите да бидат една нормална работа. Тие мислат дека мораат да се употреби се само за да победи нивниот кандидат.
Првиот круг и така и така, но во вториот круг тие беа уште пожестоки и ја користеа и националната, како и религиската припадност на граѓаните само за да победи Зијадин Села. А тој пак самиот го прекрши изборниот молк со делење на материјали за време на молкот, и исто така се движеше од избирачко место до место на самиот ден на гласање. 
Понатака дел од функционерите кои беа набљудувачи тој ден, дури беа и вербално и физички нападнати. Најеклатантен е примерот на вицепремиерот Пешевски, кој насилно беше изнесен од местото кое го набљудуваше. Се прашувам што повеќе требаше да се случи за да се констатира од страна на Држабната изборна комисија дека процесот не е каков што е пропишан со законот. И зошто членовите на СДСМ не ги прифатија приговорите, на овие места на кои има големи неправилности да се прегласа?
Да ве потсетам дека беа пронајдени и фалсификувани ливчиња. Кои пак кружеле од место до место, по принципот на бугарски воз. Кој знае што се има во изборните материјали, бидејќи не се отворени за вештачење сите кутии…
Неможе да има политика и тактизирање по овие прашања. Претпоставувам дека се сложувате. 
Насилниците треба да сватат дека изборите нема да завршат се додека не се избере градоначалник на легитимен начин. Сакаат да полнат кутии, ќе има нов круг. И не само за Струга, туку за сите места така да биде. Побргу ќе се уморат тие, отколку ние. Нема предавање по овие прашања. 
Филип Петровски, д-р по политички наукиБев во текот на гласањето и при првиот крук, а и при вториот круг во Струга.
Првиот ден во Делогожда, а вториот ден во Богоец. Мојот глас б

Пронајдете не на следниве мрежи: