Во тек е снимањето на нови филмски проекти

Снимањето на долгометражниот игран филм „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски е во тек. Станува збор за филмска комедија на современа тема.Оваа година очекуваме пет или шест премиери, најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која присуствуваше на снимањето на сцена од филмот.
-На мое огромно задоволство присуствував на една сцена од филмот „Ах, љубов моја“ на познатиот режисер Коле Ангеловски. Станува збор филмска комедија, што мислам дека е многу значајно што веќе во филмската кинематографија се дава поддршка на еден друг вид на жанр, а тоа е комедијата, изјави Канческа Милевска за Канал 5.
Таа додаде дека завршувањето на снимањето на филмот треба да биде до крај на мај, а истиот според плановите ќе може да се погледне на затворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.Оваа година очекуваме пет или шест премиери, најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која присуствуваше на снимањето на сцена од

Пронајдете не на следниве мрежи: