Во тоалет во воз МУ СНЕМАЛО ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА: Го спасиле социјалните мрежи

Тинејџер кој се нашол во незгодна ситуација бидејќи во тоалет во воз останал без тоалетна хартија, се послужил со Твитер за да побара помош.

Шестнаесет годишниот Адам Гринвуд, кој патувал со воз на „Вирџин трејнс“ до Глазгов, посегнал по ролната тоалет хартија, и тогаш сфатил дека нема повеќе. Во паника ги известил своите следбеници на Твитер за незгодната ситуација во која се нашол, а пораката ја проследиле и „Вирџин трејнс“.

За само неколку минути следувало одговор и прашање во кој вагон се наоѓа, после што службеникот на компанијата одговорил дека ќе му прати помош.

Неколку минути подоцна, на вратата од тоалетот тропнало машко лице во бело одело, и на Адам му дал тоалетна хартија за „да ја заврши работата“ до крај без непријатности.

Адам вели дека пораката пред се ја испратил за да ги насмее останатите корисници на Твитер и дека не се надевал дека помош навистина ќе стигне. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.