Во Токио се оддржуваат локални избори

Жителите на Токио денеска гласаат на избори за градското законодавно собрание, пренесе ТАСС.Вкупно 254 кандидати се борат за 127-те места во законодавното собрание на јапонската престолнина.
Главни соперници во денешната изборна трка се Либерално-демократската партија на премиерот Шиндѕо Абе и новата партија „Токијците на прво место“ на гувернерката на Токио, Јурико Коике.
Социолошките истражувања навестуваат категорична победа на партијата на Коике, која сака да ја засили својата база и да ги оспори позициите на Либерално-демократската партија, која е зафатена од серија скандали, а која во моментов располага со најмногу места во законодавното собрание на престолнината.
Во минатото резултатот од гласањето во Токио го даваше тонот за националните избори. Се шпекулира дека Коике има амбиции за премиерската функција.Вкупно 254 кандидати се борат за 127-те места во законодавното собрание на јапонската престолнина.
Главни соперници во денешната изборна тр

Пронајдете не на следниве мрежи: