Во вселената ни опаѓа имунитетот

Нови истражувања покажуваат дека во вселената имунолошкиот систем на астронаутите слабее, пренесе “Гласот на Америка”.
За време на последниот лет на американскиот вселенски шатл “Атлантис” во текот на летото на 2011 година на него се извршил медицински експеримент дизајниран да утврди како имунолошкиот систем на човекот реагира на стрес и болести во вселената.
Во експериментот учествувале мостри од живи човечки клетки, кои се наоѓаат во стерилен модул со контролирана температура. Астронаутите со притискање на копчето ги заразиле клетките со бактериски токсин што предизвикува сепса и тешка, потенцијално смртоносна, инфекција на кожата.
Клетките во модулот не се справиле добро со инфекцијата.
Модулот поминал две недели во вселената. Во последните две години американските научници ги анализирале податоците. Тие ги споредиле резултатите со оние добиени од паралелениот експеримент спроведено во исто време на Земјата при нормални гравитациони услови.
Клеточните примероци кои биле испратени во вселената, покажале намалена способност за активирање на нормален имунолошки одговор.Нови истражувања покажуваат дека во вселената имунолошкиот систем на астронаутите слабее, пренесе “Гласот на Америка”.
За

Пронајдете не на следниве мрежи: