Во вториот круг на X-Factor продолжуваат 9 македонци

Даниел Kајмаковски, кој се издвои како потенцијален победник на „Х-фактор“, ја предводи импресивната листа со дури девет македонски кандидати кои ќе се натпреваруваат во втората фаза од најпопуларното музичко шоу за таленти. Во регрутниот камп ќе имаат уште една можност да настапат пред жирито, но овој пат немаат право на сопствен музички избор, туку вокалната интерпретација ќе ја потврдуваат со однапред зададена песна од продуцентите.
Освен Kајмаковски, во вториот круг ќе се претстават скопјаните Лена Заткоска, Мања Софрониевска, Ангела Митева и Филип Јаневски-Фифи, Мартинијан Kириловски од Kуманово, Марија Ичкова од Богданци и браќата Иван и Kико Раденови од Гевгелија.
Жирито ќе има тешка задача да одбере 24 најдобри кои ќе продолжат во следната фаза во која се менува и динамиката на натпреварувањето. Во епизодата наречена „Работен камп“ кандидатите ќе бидат поделени во групи, момчиња до 27, девојки до 27, вокални групи и таленти постари од 27 години, а секој член на жирито ќе добие свој тим натпреварувачи на кои ќе им биде ментор до крајот на серијалот.
Гледачите на „Х-фактор Адрија“ кои во Босна и Херцеговина се 50 отсто од популацијата, во Црна Гора (52 %), Во Србија (40%) и во Македонија (56%) заедно со милионите фанови од дијаспората присутни на социјалните мрежи гласаа во изборот на ментор на натпреварувачите. Од следната епизода, публиката станува петти судија во шоуто. Kики Лесендриќ, Емина Јаховиќ, Kристина Kовач и Жељко Јоксимовиќ како ментори ќе се натпреваруваат меѓусебно, а таа ќе им помогне да го одберат победникот на „Х-фактор“Во регрутниот камп ќе имаат уште една можност да настапат пред жирито, но овој пат немаат право на сопствен музички избор, туку вокалната интерпрет

Пронајдете не на следниве мрежи: