Во живо: Ова е рутата на денешниот марш „За заедничка Македонија“

Ден 38 од протестните маршеви за Заедничка Македонија, денес повторно со нова рута, посветена на славење на суверенитетот на Република Македонија и одлучноста на црвено-жолтите да не дозволат негово кршење, објавено е на официјалниот профил на Граѓанската иницијатива.
 Започнуваме на стандардната точка пред Владата на Република Македонија од 17:00. Тргнуваме преку мостот Гоце Делчев пред Музејот на Македонската борба за државност и самостојност каде што се наоѓа Декларацијата за независност на Република Македонија, светиот документ со кој се означи независноста, сувереноста и унитарноста на нашата држава, вистинската македонска платформа за државност која сега некој има идеја да ја уништи со документи изготвувани во туѓи држави.

Продолжуваме преку Камениот мост, плоштадот Македонија на кој беше обзнанета независноста на нашата република и завршуваме кај Порта Македонија, споменикот на македонската борба за независност и победата манифестирана преку изборување за сопствена држава на граѓаните на Република Македонија. Местото каде се славеле и сите други победи на нашата држава откако е направен, местото кое други го сквернавеа, а ние го славиме како одбележје на вековната битка на Македонските граѓани.
Се гледаме во 17:00 пред Владата на Република Македонија! За Заедничка унитарна и мултиетничка Македонија, а не за двонационална држава на патот кон федерализација.
Да живее Република Македонија!
Започнуваме на стандардната точка пред Владата на Република Македонија од 17:00. Тргнуваме преку мостот Гоце Делчев пред Музејот на Македонската бо

Пронајдете не на следниве мрежи: