Водените и дрвените боици ШТЕТНИ за децата? Бројни детски производи се повлекуваат од производство

Дрвените и водените боици се последните предмети кои се забранети од страна на ЕУ поради загриженост дека децата би можеле да изедат опасно ниво на олово.Германскиот весник „Bild” пишува дека ЕУ вовела забрана поради нивото на олово во детските играчки откако е изразена загриженост дека децата би можеле да ги грицкаат,а не да цртаат со нив.Меѓутоа пратеник во Европскиот парламент Маркус Фербер ја критикуваше одлуката,тврдејќи дека ЕУ треба вниманието да го насочи на поголеми одлуки а не на детски играчки.
„Би било подобро да се решаваат поголеми проблеми,а не се забранува на децата нивната креативност.” Вели Фербер.Скоро сите детски боици содржат каолин и бел пигмент на титаниум-диоксид,минерал од Земјината кора.
Овие материјали содржат мали траги на олово кои не можат да бидат во потполност отстранети со хемиска обработка.Од сега боиците можат да бидат продавани доколку содржат два милиграма олово по килограм на детски материјал,а не како до сега 13,5 милиграми.Нивото на олово во водените боици исто така е намален на 0,5 наместо досегашните 3,4 милиграми на олово.Сите производи надвор од овие ограничувања повеќе нема да бидат продавани во ЕУ.Германскиот весник „Bild” пишува дека ЕУ вовела забрана поради нивото на олово во детските играчки откако е изразена загриженост дека д

Пронајдете не на следниве мрежи: